21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР со важно соопштение во врска со двата настани кои се оддржуваат во Скопје

МВР пред двата фудбалски натпревари кои треба да се одиграат денеска и утре, излезе со соопштение и повика на смиреност, но и најавија зголемено полициско присуство.

„Во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони и Лига Европа кои ќе се одиграат денеска (10.07.) и утре (11.07.) на стадионот „Петар Милошевски“ и на стадионот “Телеком арена“ во Градскиот парк во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир“ се вели во соопштението.

Оттаму апелираатт до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите помеѓу екипите на ФК Шкендија (Македонија) и ТНС (Велс), како и помеѓу екипите на ФК Работнички (Македонија) и ФК Хонвед (Унгарија), да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела.

„Министерството за внатрешни работи нема да покаже никаква толеранција кон насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани, особено навивачките групи на фер и спортско навивање, притоа проследувајќи ги спортските натпревари почитувајќи ги законските регулативи и правата на сите граѓани кои ќе дојдат да ги проследат натпреварите во живо“ стои во соопштението од МВР.

Спонзорирано: