Попладнево силно невреме ја зафати источна Македонија, особено најкритично беше во Струмица, каде падна и силен град.
Силното невреме проследено со пороен дожд, град и ветер предизвика проблеми во регионот.
Времето утре наутро ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови на земјата, информира УХМР.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 22 до 30 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.
Во Скопје, претпладне со подолги сончеви периоди, околу пладне и попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.
Утре и в понеделник околу пладне и попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика дополнително опаѓање на дневната температура. Од вторник следува период на стабилно и потопло време.