16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерствата за одбрана на Македонија и Црна Гора задоволни од меѓусебната соработка

Делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора, предводена од државниот секретар Слободан Филиповиќ, на покана на својот домаќин, државниот секретар во Минситерството за одбрана на Република Македонија, Драган Николиќ, изминатите два дена беше во работна посета на земјава.

Во рамки на посетата и разговорите, беше истакната одличната билатерална соработка помеѓу двете министерства и армии, соработка која може да биде пример за регионот. Посебно беше нагласена соработката во областа на образованието на питомци од Црна Гора, на Воената академија во Република Македонија, која во континуитет се реализира од 2010 година, како и летачката обука на припадници од воздухополовството на двете армии. Државниот секретар Николиќ го запозна Филиповиќ и со стратешките приоритети на Министерството за одбрана, посебно со донесувањето на Стратегискиот одбранбен преглед и активностите кои произлегуваат од него.

Во рамките на престојот во Макеоднија, делегацијата од Министерството за одбрана на Црна Гора ја посети водухопловната бригада каде што се запозна со мисијата и задачите на бригадата, а во разговорите стана збор и за досегашната плодна соработка и начините за нејзин развој во иднина.

Делегацијата присуствуваше и на церемонијата на Денот за високи гости на Летниот камп 2018, се сретна со деканот на Воената академија и со питомците од Црна Гора, кои се школуваат на академијата.

За време на Денот за високи гости, делегацијата кратко разговараше и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Црногорската делегација го посети и Центарот за обука на вода во Охрид.

Спонзорирано: