8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција нема да стане складиште за мигранти, предупреди министерот во Атина

Министерот за миграција, Димитрис Вицас ги критикуваше унгарскиот премиер, Виктор Орбан и австрискиот канцелар Себастијан Курц за нивните позиции во однос на миграцијата, уверувајќи дека грчата влада нема да дозволи земјата да се претвори во „складиште за луѓе“, соопшти грчкиот весник „Катимерини“.

Курц инсистираше на силна контрола на надворешните граници на Европската Унија и примената на Даблинската регулатива во врска со правилата за азил, додека Орбан повика на враќање во Грција на мигрантите кои се без документи, истакнувајќи дека таа е првата земја во која биле регистрирани.

„Како влада нема да прифатиме трансформирање на земјата во склад за луѓе“, категоричен беше Вицас во интервјуто.

„Има европски лидери кои се обидуваат да наметнат политика на автократија, политика на претворање на Европа во тврдина. Курц и Орбан се обидуваат да ја стават фобијата на дневен ред. Ние нема да прифатиме“, изјави грчкиот министер за миграција.

Спонзорирано: