17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во тек е акција на апсења генерали и полковници – голема полициска акција во моментов во Турција

Во Турција е спроведена акција за апсење на 271 војник во неколку провинции поради сомневање дека се приврзаници на имамот Фетулах Ѓулен. Акцијата почнала во пет часот утрово по локално време и се спроведува против војници кои биле во контакт со оперативците на Ѓулен, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу војниците има и полковници, како и пензионирани генерали.

Од 2016 година таквите акции се чести и од тогаш се уапсени 160 000 лица, а приближно ист број се суспендирани или отпуштени од работа. Од нив, 77 000 се обвинети и задржани во притвор за време траењето на судењето.