5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нов асфалт и осветлување на улицата Самоилова кај скопското Кале

Општина Центар, во соработка со Град Скопје, по повеќе од 20 години го реконструираше кракот од улицата Самоилова на Кале, кој води до Музејот на современа уметност.

Вкупната површина на реконструираниот дел изнесува 3 200 метри квадратни и е во должина од 500 метри. Стариот, дотраен и оштетен асфалт е заменет со нов, висококвалитетен асфалт. На улицата Самоилова има и ново улично осветлување, а со цел обезбедување поголема безбедност на пешаците и нормален тек на сообраќајот на возилата, поставена е и нова хоризонтална сигнализација.

Од Општината информираат дека активностите за подобрување на инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период со реконструкција на улиците Димитар Пандилов и Ганчо Хаџи-Панзов. Во тек е и санацијата на улицата Ѓуро Ѓоновиќ во Маџир Маало, како и на улиците Петричка и Велешка, а привршува и реконструкцијата на улицата 171 во населбата Крњево.

Спонзорирано: