12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија – еве каде ќе биде вечерва најкритично

Веќе со денови соседите се зафатени од силно невреме кое пустоши низ Хрватска, Србија, Италија.

Во текот на вечерните часови нестабилноста ќе се преместува кон источните предели од државава каде ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Утре наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи.

Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град.

Утре, а особено во недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени.

Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.

Спонзорирано: