17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците

Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп чекаа да откупуваат лубеници во Струмица, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во Струмичко. Во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес е планиран откуп на околу 130 тони лубеница. Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони. Откупната цена е задоволителна и се движи од 3 до 4 денари по килограм“, велат од таму.

Од Министерството додаваат дека и натаму ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат доколку за тоа има потреба.

Спонзорирано: