5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пацоли: Папуа Нова Гвинеја не ја повлече одлуката за признавање на Косово

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, ги отфрли како фалсификат и лаги наводите на неговиот српски колега Ивица Дачиќ дека Папуа Нова Гвинеја ја повлекла одлуката за признавање на независноста на Косово.

„Дачиќ одлучи да продолжи со лагите и фалсификатите во однос на Косово. По претходните фалсификати кои му се вратија како бумеранг, тој претстави документ кој е подготвен којзнае каде за наводно повлекување на признавањето“, напиша Пацоли на „Фејсбук“.

Тој пишува дека Косово низ својата дипломатска мрежа одржува постојани контакти со сите земји, вклучително и со Папуа Нова Гвинеја.

Дачиќ вчера во јавноста покажа, како што рече, официјална нота од Папуа Нова Гвинеја, која според него е шеста земја што ја повлекла одлуката за признавање на Косово.

Спонзорирано: