17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да го потпише

Договорот со Грција, за чијашто ратификација денеска со големо мнозинство се изјаснивме „за“, е патриотски чин, изјави Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Тој рече дека договорот го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина, истовремено порачувајќи му на претседателот Ѓорге Иванов дека е должен да го потпише законот за ратификација на договорот со Грција бидејќи во спротивно прави кривично дело.

„Никој не е над уставот и законите. Никој нема право да ја запира македонската иднина. Во спротивно Иванов ќе направи кривично дело, постапува надвор од неговите надлежности и директно се меша во законодавната власт, односно во работата на Собранието како законодавна власт. Нема да дозволиме деструктивните сили да ја вратат Македонија назад во мрачното минато на криминал, уназадување, изолација, неизвесност“, рече Костадинов.

Тој додаде дека последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.

Спонзорирано: