7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ферид Мухиќ: За демократијата не е добро сите да сме едногласни

Пратеникот Ферид Мухиќ рече дека договорот со Грција е апсолутен преседан и дека на денешното второ гласање на законот за ратификација тој ќе остане воздржан.

„Кога станува збор за судбоносно прашање за Македонија, во политиката не постои бесплатен ручек. Ни една меѓусебна спогодба никогаш не барала промена на име, ова е апсолутен преседан. Спогодбата е потпишана, но моја цел е да обрнам внимание на светлата јавност. Меѓународната заедница постапува спротивно на Повелбата на ООН. Не смее никој да се меша во внатрешните работи на друга држава, ова е забрането, а флагрантно се крши спогодбата. Повелбата на ООН и меѓународното право гарантираат право на самоопределување, сега тоа нам ни се ускратува. Ова мора да се нотира, светот да разбере што му се прави на овој народ и оваа Влада. Национално достоинство не може да е предмет на компромис, вели Меркел, па тоа треба и за нас да важи. Нема да гласам против, но ќе бидам воздржан“, рече Мухиќ.

Спонзорирано: