14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јанушев: Власта незаконски сама го носи договорот со Грција кој е неуставен

ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на гласањето на законот за ратификација на договорот со Грција. За нив договорот е штетен и претставува кривично дело.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник во капитулацијата. Нема да присуствуваме на седницата на која се носи овој штетен договор за промена на името, и се задира во идентитетот. Ова не треба да се слави, очекуваме Иванов да не потпише. Објавувањето без потпис е кривично дело кое не застарува. Не ни требаат штетни договори туку реални реформи“ изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој порача дека за понатамошно учество во работата на собранието како и за изборот на ДИК ќе одлучуваат допочнително.

Спонзорирано: