12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата на Зоран Заев прогласена за нај отворена во регионот: Ова се деталите

Владата на Македонија е најотворена меѓу владите од регионот, според резултатите од истражување поддржано од Европската унија, со кое се мери отвореноста и транспарентноста на институциите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, соопшти владината прес-служба.

Во Македонија мониторингот веќе втора година по ред се спроведува од страна на Фондацијата „Метаморфозис“, која отвореност на Владите ја мери преку четири критериуми: транспарентноста на институциите, пристап до информации, интегритет и свесност.

Мониторингот на веб страните на институциите е спроведен од декември 2017 до февруари 2018, а лани истото истражување е направено и за периодот од декември 2016 до февруари 2017. Споредбата помеѓу двата периоди, покажува дека индексот на отвореност на Владата на Република Македонија значително се зголемил на 75,61 проценти во споредба со претходните 52,34 проценти, кога македонската Влада беше на последното место меѓу владите на земјите опфатени со ова истражување.

Според индикаторите на истражувањето, најголем напредок кај Владата има во индикаторот за свесност со 99,88 проценти што се оценува преку стратешките документи, индикаторите за следливост, мисиите, визиите и годишните извештаи.

Видлив напредок има и во пристапот до информации со 77,27%, во што припаѓаат јавните консултации, слободниот пристап до информации од јавен карактер, пристапноста на процедурите и објавувањето извештаи, како и во индикаторот за Интегритет на институцијата со 77,89% , кој ги оценува етичките кодекси, конфликтот на интереси, антикорупциските мерки и доброто управување.

Напредок има и во индикаторот за транспарентност на Владата со 69,13%, што ја оценува транспарентноста на буџетот, јавните набавки, анекси на договори, органограми и систематизации, како и на потрошените средства. Индексот ја мери и отвореноста на министерствата во овие 6 земји. Македонија и во тој сегмент на истражувањето бележи напредок и сега е веќе на третото место, зад министерствата во Србија и во Црна Гора. И кај министерствата најголем напредок има во индикаторите на транспарентност и свесност.