23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Не стивнуваат реакциите по одлуката на Советот за зголемувањето на цената на водата

Измина една недела од седницата на Советот на Општина Битола, а не престануваат реакциите на граѓаните на одлуката на мнозинството на Советот за зголемување на цената на водата за пиење и тарифата за собирање на отпадните води и новиот ценовен шок по џебот на граѓаните, изјави Тони Коњановски, во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

„Криејќи се зад наметката на Регулаторната комисија за енергетика, проектот за изградба на прочистителна станица и ЕУ директивите, на барање на локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија, на еден крајно политички невкусен и некоректен начин на последната седница на Совет беа донесени одлуки за поскапување на цените на услугите. Овие поскапувања директно ќе влијаат на услугите за животот и животниот стандард на граѓаните и развојот на стопанството во Битола. Одлуката за зголемување на цените на услугите предвидува прогресивно зголемување на услугите од 21% кумулативно за цената на водата и 25% зголемување за услугите на ЈП ‘Нискоградба’. Или до 2020 година едно просечно семејство во Битола на годишно ниво ќе плаќа околу 1 800 денари повеќе од она што го плаќа сега за истите услуги. За потсетување, само неколку седници претходно, заедно советниците изгласавме против зголемување на цените, а Петровска јавно од говорница нè убедуваше дека не само што зголемување нема да има, туку цените ќе се намалат. Во моментов во јавните претпријатија наместо нови инвестиции течат нови вработувања на блиски роднини и пријатели на локалната власт па непотизмот станува главна одлика и стил на работењето на мнозинството во локалната самоуправа. Со оваа одлука ние, граѓаните, го финансираме непотизмот на локалната самоуправа во Битола. Лагата и лицемерието како во предизборието така и денес се одлика и начин на деjствување на оваа политичка гарнитура, метод на работа со цел да ја затскријат својата неспособност и незнаење“, рече Коњановски.

Спонзорирано: