13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општина Гази Баба додели два гранта за студенти иноватори

Општина Гази Баба за првпат стартуваше со поттикнување и развивање на иновативноста кај студентите. За таа намена, почна со доделување грантови во висина од по 100 000 денари. Целта е студентите рационално да го искористат своето време додека студираат и професионално да се развиваат кон она што сакаат да работат токму преку овие проекти.

На јавниот конкурс што беше објавен на 12 април, а кој траеше до 4 јуни, се пријавија 3 факултети кои се наоѓаат на територија на Гази Баба, и тоа Факултетот за туризам и бизнис-логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултетот за земјоделски науки и храна, како и Шумарскиот факултет.

Грантови добија два проекта, и тоа „Иновативен модуларен уред за контрола на наводнување” на група студенти од Земјоделскиот факултет и проектот „Зелена лична карта на Дендро паркот” од Шумарскиот факултет. Иноваторите средствата ќе ги добијат во два дела. 50% пред имплементацијата на проектот, а остатокот, откако ќе биде завршен. Крајниот рок за нивната реализација ќе биде до 30 октомври оваа година.

(Видео) Ѓорѓиевски: Спасовски се пресметува со припадници на специјалните единици

Спонзорирано: