24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Детска игра со кобен крај: Си играл со сестричката, па следувала трагедија

Детска игра завршила трагично за тригодишно дете од Полска.

Малечкиот Марсел си играл криенка со својата петгодишна сестра во семејната куќа. Детето се скрило во барабанот од машината за перење алишта и ја затворило вратата.

Загрижените родители после некое време почнале да го бараат детето за на крајот да го најдат во пералната.

Детето било во многу лоша состојба кога стигнала брзата помош, а починало само неколку часа подоцна.

Обдукцијата покажала дека се задушило поради недостаток на кислород.

Спонзорирано: