10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блиц: Путин и Трамп ќе го начнат прашањето за Косово на претстојната средба

Големи се шансите решението на косовското прашање да лежи во средбата помеѓу Трамп и Путин во Хелсинки бидејќи двајцата лидери ќе разговараат на темата, пишува српскиот весник „Блиц“

„Европа нема ни сила, ни волја, ни можност да ги натера Албанците да направат нешто. Затоа идејата е по ова суштинско прашање за нас, да се договорат Путин и Трамп, а Европа да го прифати решението како конечно“, наведува изворот за „Блиц“ и додава дека сите очи се вперени во состанокот помеѓу рускиот и американскиот претседател, кој е закажан за 16 јули во Хелсинки.

Соговорникот на „Блиц“ наведува дека Путин и Трамп за Косово ќе имаат минута за да разменат неколку реченици, но тоа би било доволно нештата да се поместат од мртва точка.

„Трамп и Путин до крајот на годинава ќе одлучат за Косово и Метохија. Ова е сериозна шанса да се дојде до решение. Залудни се опциите што ги нуди ЕУ, кога ниту една страна не се согласува на нив“, вели изворот за белградскиот весник.

Потсетува дека американскиот амбасадор во Србија изјавил за РТС оти до решение на косовското прашаер може да дојде до крајот на оваа година.

Спонзорирано: