10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода – еве како се започна

Автобус на ЈСП се запали утринава на последната станица на автобуската линија 24 во скопската населба Кисела Вода. За среќа, сите патници навреме го напуштиле автобусот.

Од Противпожарната единица велат дека било интервенирано на улицата Христо Татарчев бб, на опожарен автобус на ЈСП со три возила и осум пожарникари. Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека не е предизвикана материјална штета од 30 илјади денари.

Од ЈСП објаснуваат дека станува збор за постар автобус на кој се му запалила инсталацијата. Веднаш кога избувнал пожарот интервенирал возачот на автобусот, кој се обидел со апарат да го изгасне, но превентивно биле повикани и пожарникарите.

Спонзорирано: