5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Што подготвува СЈО?

Точно една година откако специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија до кривичниот суд против 94 лица и 7 фирми.
Заедно со двете обвиненија кои дотогаш беа поднесени, СЈО има вкупно 20 обвиненија. Тимот на Катица Јанева објави дека дел од новоотврените истраги има и такви со кои финишираат, сепак сè уште нема решение за статусот на ова јавно обвинителство, да може да поднесува нови обвиненија.
СЈО работи на комплетирање на истрагите за предметите „Талир“, „Табла“, „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“, „Транспортер 2“…  Од досегашните поднесени обвиненија вкупно изречени се 9 правосилни условни казни и 3 неправосилни затворски. Обвинителката Јанева изјави дека водат сметка да не застарат кривичните дела.
Првиот предмет за кој СЈО во 2017 година доби првостепена пресуда е предметот за уништувањето на списите за прислушувањето „Тврдина 2“. Но, Апелациониот суд пред 1 месец укина дел од пресудата за ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, и судењето за него треба да почне од почеток наесен. Пресудите во овој случај се правосилни само за шесте службенички на УБК кои добија условни казни затвор. Правосилни судски пресуди има за случајот „Насилство“, во кој, Томислав Лазаров и Јордан Ристевски признаа вина и исто така добија условни казни. Лани вина призна и службничката од УБК, Елена Џиланова, за предметот „Тврдина-Таргет“ при што се спогоди со Обвинителството и доби условна казна.
Неправосилни пресуди има и за предметите „Тенк“, каде експремиерот Никола Груевски и помошникот-министер, Ѓоко Поповски, добија затворски казни. Поповски беше осуден на затворска казна и за предметот „Триста“, за набавката на полициски возила. Неправосилна пресуда има и во предметот „Тифани“, во кој, по признанието дека е виновна, условна казна доби новинарката Ивона Талевска. За висината на казната закажана е јавна седница во Апелациониот суд, каде СЈО за неа бара построга санкција.
Пред почетокот на судската ферија пресуда може да биде изречена само за предметот „Труст“, бидејќи се закажани 10 нови бомби, како дополнување на доказите на СЈО и завршни зборови. За најстариот предмет на СЈО,  случајот „Насилство пред Општина Центар“ сè уште нема пресуда. Судењето почна во 2016 година, но и по речиси 2 години, освен двете признанија за вина, сè уште е во фаза доказната постапка.
Во нацрт- стратегијата за реформа на правосудниот сектор за периодот од 2017 до 2022 година, пишува дека специјалното јавно обвинтиелство ќе добие проширена надлежност, и ќе гони и кривични дела од висок профил на корупција (white-collar crime). Сè поизвесно е дека СЈО ќе биде автономно во рамки на Јавното обвинителство, но, законските измени сè уште не се донесени.