4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ќе фрчат казни: Ако купите нешто од уличен продавач, спремете 7.000 евра

Туристите кои годинава ќе летуваат во Италија и во текот на одморот купуваат производи од улични продавачи, ќе ризикуваат да добијат парична казна во висина и до 7 000 евра.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, предупреди дека оваа година казнитe за уличните продавачи, како и за оние што купуваат од нив, ќе бидат поостри, па така трговците ќе мора да и платат на државата глоби од 2.500 до 15.500 евра.
Туристите, пак, кои ќе купуваат од уличните продавачи и на тој начин ќе ги поттикнуваат на нелегална зарабока, без разлика дали тоа е за масажа на плажа или за привремена тетоважа, исто така, би можеле да се соочат со сериозни последици.
Вообичаена практика е уличните продавачи, како и оние по плажите, да нудат фалсификувани производи во речиси сите главни туристички дестинации, а избегнувањето на даноци и значителното намалување на прометот во легалните продавници е поттик за италијанските власти посериозно да му пристапат на проблемот.
Минатата година од нелегалните мигранти и други улични продавачи била запленета роба во вредност од 265 милиони евра, поради што годинава ќе стапат на сила засилени мерки.