14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Предмалку Русија со неочекуван потег во врска со влезот на Македонија во НАТО

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека потенцијалниот влез на Македонија во НАТО е прашање за коe земјата самата си одлучува.

Исто така, додаде тој, ставот на Русија во контекст на приближувањето на инфраструктурата на Алијансата кон руските граници останува ист како и порано.

„Ова е прашање за кое треба да си одлучи Македонија. Ние ги цениме и вреднуваме добрите односи со земјата и заинтересирани сме за нивно подобрување, но што се однесува до приближувањето на инфраструктурата на НАТО кон нашите граници, ставот на официјална Москва е добро познат. Во тој контекст нема никакви промени“, изјави Песков за новинарите во Москва, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Без да го реализира договорот со Грција за новото име, Македонија нема да може да се приклучи кон НАТО, рече денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по состанокот со премиерот Заев во Брисел.

Спонзорирано: