7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туск: Рано е да се зборува за успехот на договорот за миграција

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск рече дека одлуките за миграцијата од Самитот на ЕУ се најлесниот дел од целиот процес.

„Премногу е рано да се зборува за успех. Ова е најлесниот дел од задачата во споредба со она што нѐ чека кога ќе започнеме да го применуваме договореното“, изјави Туск.

Тој додаде дека е постигнат договор за следната транша на средства за Турција, како и за обезбедувањето на дополнителни половина милијарди евра за Фондот во Африка со цел спречување на илегалната миграција.