11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-НП ја поздрави одлуката на ЕУ за отпочнување преговори со Македонија

ВМРО-Народната партија ја поздрави одлуката на Европската унија за отпочнување на преговори со Македонија за членство, идната година.

„Сметаме дека со ова започнуваме ново поглавје но и привршување на еден голем и мачен процес на реформи преку усогласување и исполнување на критериумите за конечно интегрирање на Македонија во Европската унија“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија

Партијата, сепак, изрази разочараност дека и покрај фактот што, како што велат, Македонија веќе ги исполнила сите услови за целосно вклучување во ЕУ не добила покана за отпочнување на преговорите оваа година.

„Од друга страна пак веруваме дека со оглед на исполентите услови но и неколкуте позитивни извештаји сепак Македонија утре ќе добие покана за отпочнување на преговорите за членство во НАТО, бидејќи Македонија без сомневање со своето повеќегодишно залагање во однос на Евроатлантските интеграции заслужува да биде дел од Евроатлантското семејство“, се истакнува во соопштението на ВМРО-Народна.

Спонзорирано: