10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ќе ги турне САД на колена, се закани Рухани

Соочен со унилатералните американски санкции, Иран нема да потклекне пред притисоците и ќе ги реши сите проблеми без да ги жртвува својот национален дигнитет и слободата, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани, пренесува „Спутник“. Тој во своето телевизиско обраќање наведе дека Иран никогаш нема да се предаде пред Америка и дека ќе ги турне САД на колена.

„Мораме да му покажеме на светот дека ќе ги надминеме проблемите и потешкотиите, без жртвување на нашата слобода, независноста, демократија, републикански систем, религија и култура“, посочи Рохани.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на почетокот од мај најави дека САД се повлекуваат од иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година и оти повторно ќе воведе најстроги санкции кон енергетскиот, петрохемискиот и финансискиот сектор на Иран. Трамп им се закани со сериозни последици и на државите што соработуваат со Иран, заобиколувајќи ги американските санкции.

Официјален Техеран тврди дека има право на збогатување на ураниум во мирнодопски цели. Според духовниот лидер на Иран, ајатолахот Али Каменеи, Иран не може во исто време да остане под санкции, да се откаже од својата нуклеарна програма и да ги почитува ограничувањата што му ги наметнаа шесте меѓународни преговарачи.

Спонзорирано: