8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ предмалку со жестокот соопштение до опозициската ДПМНЕ – еве што им порачаа

Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех.

Се поочигледна е неразбирливата нервоза за постигнатиот успех на Македонија којашто се манифестира во нивните изнесени лажни вести и измислици. Македонија доби кристално чист датум и и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе започнат во јуни 2017, се вели во реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во Извештајот на Советот на ЕУ, јасно е наведено дека Советот се согласува позитивно да одговори на напредокот на Република Македонија и го поставува патот кон отворање на пристап преговорите во јуни 2019 година.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека од „заробена држава” Македонија успеа да се врати на вистинскиот пат, на евро-атлантскиот пат на иднината и затоа очајно се обидува да ја манипулира јавноста.

Лажните вести, неаргументираните обвинувања и манипулации се единствената стратегија на опозициската партија којашто треба да да се присети на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“. На ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: