20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривични за тројца тетовски тинејџери кои претепале татко и син

Тетовската полиција поднесе кривични пријави против двајца тинејџери на возраст од 19 години и еден 18-годишник поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што информираат од МВР, на 22 месецов на тетовската улицата Димо Гавроски-Кара, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 55-годишен тетовец и неговиот 23-годишен син, при што им нанеле телесни повреди.