20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Зголемени цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, продажните цени на индистриските производи на домашниот пазар во мај биле повисоки за 0,7 проценти на месечно и за 0,5 отсто на годишно ниво.

Споредбено со април, продажните цени на домашниот пазар се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1, 4 отсто и енергија за 0,5 проценти.

Во споредба со мај минатата година, цените се повисоки во групите инетмедијарни производи, нетрајни производи за широка потрошувачка и трајни производи за широка потрошувачка.