24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влада: Одбивањето на Иванов да ја користи алатката за транспарентност е несериозен пристап

Одбивањето на предлогот за користење на алатката од страна на претседателот Иванов е несериозен пристап, смета Владата.

„Одбивањето на предлогот за користење на алатката за транспарентност и отчетност од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, даден од Владата на Република Македонија претставува несериозен пристап и е на директна штета на демократските принципи за транспарентно и отчетно владеење и на интересот на граѓаните кои треба да знаат како и за кои цели се трошат нивните пари. Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ја упати оваа иницијатива до институцијата Претседател на Република Македонија со цел да им се овозможи на граѓаните едноставен пристап до база на податоци каде што ќе имаат увид во вкупните трошоци на избраните функционери и целите заради коишто се направени истите“, се вели во реакцијата на Владата.

Оттаму додаваат дека согласно со одлуката, трошоците на избраните функционери се објавуваат на секои 6 месеци и во тек е прибирање на податоците за периодот од декември 2017 заклучно со мај 2018.

Претходно Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по прозивка од СДСМ го соопшти ставот дека за нив е нејасно на кој начин може Роберт Поповски, кој е министер без ресор, да наложува и бара од институцијата Кабинет на претседател на Република Македонија да прифати вакви мерки, за кои веќе постојат механизми во Македонија, освен ако не се работи за популизам, што за Кабинетот на претседателот е неприфатливо.