14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца полицајци истепани од страна на граѓанин

Жител на Гостивар му го скршил носот на полицискиот службеник кој се обидел да го приведе. Како што информира полицијата, вчера нешто пред 13 часот на улицата Мара Угриноска во Гостивар 33 годишниот Д.К при обид да биде приведен од страна на двајца полициски службеници, почнал да дава активен отпор и со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крварење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник

Полицијата сепак успеала да го совлада и го однела во полициска станица.
Од полицијата најавуваат соодветен поднесок.

Спонзорирано: