23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

(Видео) Поплaвени патишта и објекти – Силното невреме пустоши низ регионот

Голем број плажи и улици во Грција се под вода, по обилните дождови што ја зафатија земјата.

На Халкидики најголеми се проблемите на Ситонија, каде се поплавени куќи и други објекти, соопшти противпожарната служба.

Во Никити на Ситонија поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот, а водата однесе и возила.

https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2259163024306786/?t=0

Реката во Агиос Николаос се излеа од коритото, а евакуиарни се гостите од хотелите Аша Марис кај местото Пиргадикиа и во хотелот Александрос.

„Автомобилите претрпеа материјална штета. Во делот на Ситонија кај Неос Мармарас нема поголеми последици. Неколку продавници се поплавени на местото Ормос Панагиас“, пренесуваат локалните медиуми.

https://www.facebook.com/GrckaInfopage/videos/1827395953966161/?t=0

Лошото време го погоди и селото Каналија, каде 30 куќи се поплавени, пренесе „Катимерини“, а повеќе локални патишта се под вода.

Во Керасија евакуирани се седум куќи. Поплавите ја погодија и Лариса, а заменик градоначалникот Василис Лециос изјави дека крајбрежните патишта се значително оштетени.