20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Баш совршен десерт: Сладок ролат готов за точно 9 минути

Се подготвува за 2 минути, се пече 6, се мачка уште 1 минута и тоа е сè!

Состојки: 100 гр брашно, 100 гр шеќер, прстофат сол, 2 лажички прашок за печиво, 3 јајца, 4 лажици слатко од јагоди (или друг вкус, по ваш избор), 2 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка: Измешајте брашно, шеќер, сол и прашок за печиво. Додајте јајца и сè измешајте. За сè ова се потребни само 2 минути! Намастете плех, ставете хартија за печење, ставете го тестото и печете 6 минути на 180 степени.

За тоа време во тенџере загрејте слатко. Ви останува само уште минута работа – печеното тесто извадете го од плех, тргнете ја хартијата, па веднаш намачкајте го со топло слатко, свиткајте во ролат и посипете со шеќер во прав.

Уживајте!