Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Стаклен тобоган на 300 метри висина: „Сум скокала од авион, но ова е страшно“

Тобоганот Skyslide се наоѓа на зградата US Bank Tower во Лос Анџелес, помеѓу 69 и 70 кат. Се работи за една од највисоките згради во САД, во која пред неколку години, за време на реновирање, потрошени се 68 милиони долари.

Одлучено е како атракција да се постави и тобоган, кој е комплетно направен од цврсто стакло. Но, и покрај вожњата од само неколку секуни, која чини 10 долари, прилично е страшно да се спуштите со оглед на тоа што од дното ве делат само 2,5 см стакло.

Една од среќничките кои имале прилика да го испробаат овој тобоган била и новинарката Аманда Ли Милерс, која по возењето изјавила:

– Скокав од авион од 4,500 метри, се возев со возот на смртта кој оди 160 км/ч, се качував на опасни и високи карпи, но ова е можеби и најстрашното нешто кое сум го направила, рекла новинарката.