Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Врие од специјалци низ Скопје: Полицијата се подготвува за вечерашните демонстрации

Засилено полициско обезбедување околу собранието е забележително вечерва, во пресрет од вечерашните демонстрации најавени од организација “Млади за Македонија”, по повод решавањето на грчко-македонскиот спор за името.

Вечерва во 20 часот се очекува да започне протестот кој се организира преку социјалните мрежи.

Видливо е силно полициско обезбедување околу Собранието.

Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.