23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Страшна глетка: Заминал да лови риба на Вардар, па синовите го пронашле мртов

Вчера во 09:20 часот во Полициската станица Неготино, 37-годишниот М. Т. од Неготино пријавил дека тој и неговиот брат А. Т. околу 09:00 часот го пронашле починат нивниот татко, 62-годишниот Б.Т. од Неготино во месноста викано „Дубровски Лаки“ атар на КО-Дуброво.

Имено, починатиот Б. Т. на 21.06.2018 година околу 13:30 часот од дома се упатил кон реката Вардар, со намера да лови риба и бил недостапен на неговиот мобилен телефон. По овластување на дежурен Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Неготино. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино.

По извршениот увид било констатирано дека нема траги на насилство над мртвото тело и по наредба на Јавниот обвинител, истото било предадено на семејството.