27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Синот убиен исто како таткото: Младиот Огнен изрешетан крвнички изрешетан пред кафуле

Огнен Икач (22) бил ликвидиран во понеделникот во Белград пред кафулето „Клагенфурт“.

Откако излегол од локалот, тој бил застрелан со неколку куршуми од кои два завршиле во неговиот врат и биле кобни за момчето, јавуваат српските медиуми.

15-тина минути по убиството, неговиот пријател Марко Т. отрчал да бара помош во една од околните згради, а кога полицијата пристигнала го нашла целиот облеан во крв.

-Имаше многу крв на себе, лежеше во ходникот на зградата и беше тотално изгубен и во шок. Во станица сведочеше дека бил пред кафулето кога убиството се случило, а потоа избегал и барал место за да се сокрие. Допрва ќе се утврдува како дошла сета таа крв на него, изјавил полициски извор за српски Информер.

Убиениот Икач и бил добро познат на белградската полиција, а во минатото бил обвинет за обид за убиство, како и осудуван за недозволено поседување на оружје, насилничко однесување, трговија на дрога и изнуда.

Неговиот татко пак, Предраг Икач, бил убиен на скоро ист начин како неговиот син, кога во 1999 година бил ликвидиран од заседа на паркинг во Белград, неколку секунди откако влегол во својот автомобил.