23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Драматичен пораст на цената на нафтата

Цената на нафтата на светскиот пазар драматично порасна по информациите дека Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) одлучила да го зголеми производството на околу милион барели дневно, што е помалку од очекуваното.

Северноатлантската нафта „брент“ поскапе за 3,1 отсто на 75,34 долари за барел, додека лесната тексашка нафта поскапе за 1,9 долар на 67, 44 долари за барел.

ОПЕК одлучи да го зголеми производството на околу милион барели дневно од јули, што е номинално зголемување на производството, но реално тоа ќе биде помало со оглед на тоа што неколку земји кои неодамна потфрлија со производството ќе имаат потешкотии да се вратат на целосната квота.

Извори од ОПЕК тврдат дека на другите производители нема да им биде дозволено да го пополнат тој јаз. Реалното зголемување ќе изнесува 770 илјади барели дневно. Таквата одлука е резултат на договорот меѓу Саудиска Арабија и Иран кој долго време ја отфрлаше идејата за зголемување на производството на нафта, што беше иницијатива на претседателот на САД, Доналд Трамп.