11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невремето направи хаос, водата поплави куќи, пожарникари на терен – жителите велат мислевме ова е крајот

Пријепоље е буквално целосно под вода по обилните врнежи кои вчера ја зафатија територијата на Србија.

Сите улици се поплавени, како и селските и приградски делови. Дел од куќите се поплавени, па морале да интервенираат и пожарникари.

Жителите за српскиот Еспресо, велат дека било страшно, водата одеднаш почнала да влегува по домовите и мислеле дека ќе нема спас. Почнал да дува силен ветер кој носел се.