11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски ја крена Македонија на нозе: Договорот е патриотски чин, граѓаните на референдум ќе го имаат конечниот збор!

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски  придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ во текот на вчерашниот ден ги посетиопштините Крива Паланка, Кратово и Ранковце.

На средби со граѓаните Кирацовски разговараше за повеќе актуелни теми и прашања кои се  во интерес на граѓаните а се осврна на Договорот којшто става крај на две и пол деценискиот спор којшто земјава ја влечеше надолу.

-Имаме Договор кој со право се нарекува историски, затоа што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентет еднаш секогаш и ја отвора вратата за членство во ЕУ и НАТО. Ова е шанса, сите ние заедно, да испишеме нова, светла страница од историја за нашата држава!  Земјата конечно да тргне по патот на евроатлантската интеграција и да стане дел од европското семејство. Тоа значи загарантирана стабилност и безбедност, значи јакнење на институциите и владеење на правото, значи заживување на економијата, инвестиции, поголеми плати, нови работни места и повеќе пари за граѓаните, рече Кирацовски.

Тој ги повика граѓаните да излезат на престојниот референдум и да кажат ДА за македонската иднина.

-Да ја искористиме таа можност и да кажеме ДА за Договорот кој успеа да го зачува и гарантира македонскиот идентитет и  македонскиот јазик . Да кажеме ДА за македонската иднина и просперитетна европска Македонија, повика Кирацовски, додавајќи дека сите политички субјекти треба одговорно да се однесуваат и да овозможат граѓаните слободно да ја изразат својата волја.

– Никој не смее да ја кочи македонската иднина и да ги попречува граѓаните да го кажат последниот збор. Волјата на граѓаните, слободно изразена на референдум, е конечна. “ порача Кирацовски.

Спонзорирано: