9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Обид за силување ја потресе Македонија – девојче ги напасувало овците, кога непознат маж дошол и се обидел да ја силува

Жена од село во Виница пријавила во полиција дека непознато лице се обидело да ја силува нејзината малолетна ќерка додека ги напасувала овците.

Според информациите на МВР, 36-годишна жена од виничко село вчера пријавила во полиција дека претходниот ден во периодот од 14 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16-годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува.

Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа. Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: