7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Куфер полн со тарантули пронајден на германски аеродром

Дваесет и две живи тарантули биле пронајдени вчера во оставен куфер на аеродромот во Диселдорф, откри тамошната царинска служба.

Кога бил пронајден сопственикот на куферот, 48-годишникот од градот Есен изјавил дека е одгледувач на тарантули, односно дека некои од тарантулите во куферот треба да имаат млади.

Човекот патувал од Парагвај во Германија и сега е под истрага поради обид да избегне плаќање даноци бидејќи тарантулите се сметаат за комерцијален увоз.

Пајаците биле конфискувани со цел ветеринари да ја утврдат нивната здравствена состојба.

Тарантулите се распространети насекаде во светот, а главно се хранат со инсекти, мали глодачи, птици, змии и други ситни животинки. Тие се ноќни животни, па активностите ги започнуваат во попладневните часови и траат до доцна во ноќта, а се хранат со инјектирање отров во пленот.

Спонзорирано: