Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен ветер сруши зграда во Њујорк

Напуштена седмокатница делумно се сруши во Њујорк, удирајќи притоа и во неколку помали околни згради, соопшти градоначалникот, Роб Ролисон.

Рушењето се случи за време на кратка бура, пришто повредена е една жена, чијшто долен дел од телото останал заробен во рушевините, пренесе „Ројтерс“.

„Надлежните се упатија на лице место и соработуваме со локалните власти да го исчистиме просторот и да ја осигураме безбедноста на сите. Ќе продолжиме одблиску да ја следиме ситуацијата на терен“, изјави градоначалникот на Њујорк, Ендру Куомо.

„Ројтерс“ наведе дека за време на рушењето на празната зграда, срушен е и задниот дел од соседната зграда, а најмалку два автомобили се оштетени.

„Во моментов веруваме дека нема други повредени, но немавме можност темелно да ги истражиме останатите згради, бидејќи се многу нестабилни“, изјави шефот на противпожарната служба, Марк Џонсон.

Локалните медиуми наведуваат дека налетот од ветер од околу 100 километри на час веројатно допринеле за рушењето на зградата.