23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ферид Мухиќ гласаше против потребата од ратификување на договорот по итна постапка

Пратеникот Ферид Мухиќ од редовите на владејачкото мнозинство гласаше против потребата од ратификување на договорот со Грција по итна постапка.

Собранието со 69 гласа „за“ и 40 „против“ денеска ја утврди потребата од донесување на законот за ратификација на конечната спогодба за решавање на разликата, како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Привремената спогодба од 1995 година и воспоставување стратешко партнерство.