14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сириски медиуми: САД бомбардираа воени позиции во Сирија

Авион на коалицијата предводена од САД бомбардира воени позиции во Сирија, јавија сириските државни медиуми, повикувајќи се на неименувани воени извори.

Медиумите тврдат дека има повредени и загинати во нападот, пренесува „Ројтерс“.

Нападот се случил во ал-Хари, според извештаите на локалните медиуми.

„Ројтерс“ не успеал да добие коментар од портпаролот на коалицијата предводена од САД.

Спонзорирано: