10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Владата по тешките инциденти откако беше потпишан спорот со името – ова е пораката

Владата преку соопштение ги осуди насилството, говорот на омраза и повиците за насилство од вчерашните настани, кои, како што велат, имаат цел да манипулираат и да ги вознемируваат граѓаните на земјата.

„Владата категорично, во согласност со овластувањата и законите, ќе ја штити безбедноста на граѓаните и институциите и нема да дозволи изолирани групи со насилство да го нарушуваат јавниот ред и мир за да шират атмосфера на страв и несигурност.

Повикуваме на разум и на конструктивна атмосфера за дебата и јавно информирање сè со цел секој граѓанин на Македонија да има можност да донесе сопствен став пред одржувањето на референдумот што следува и слободно да одлучат за македонската просперитетна иднина, без страв, заплашување и притисок. Ги повикуваме граѓаните да внимаваат и со воздржан однос да ги препознаваат лажните вести и дезинформациите што се шират преку социјалните мрежи“, се вели во соопштението на Владата.

Оттаму порачуваат сите политички субјекти што постојано велат дека Македонија нема друга алтернатива за членството во НАТО и во ЕУ, да покажат елементарна политичка одговорност.

„Секој што ги повикува граѓаните на насилство има одговорност. Повикот на насилство нема само етичка и морална одговорност, туку и кривична во согласност со Кривичниот законик. Предизвикувањето немири и несигурност е единствената цел на структурите што стојат зад овие немири, а тоа е во целосна спротивност на интересите на нашите граѓани.

Омразата и насилството се штетен концепт и не се избор на граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните на нашата земја избраа иднина за сопствената безбедност, за економски развиена земја, eднаквa со другите во регионот и рамноправна членка во НАТО и ЕУ. Случувањата како оние на 27 април минатата година беа одлучно отфрлени од мнозинството граѓани“, додава Владата.

Понатаму, во соопштението се додава дека конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство меѓу двете земји за Владата е почетокот на реалната и целосна интеграција на Македонија, најпрвин во НАТО, а потоа и во Европската Унија.