20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТОП ВЕСТИ

Од УБК извлековме едвај 3 проценти од бомбите, истакна укажувачот Лазаревски

Од УБК извлековме едвај 3 проценти од прислушуваните материјали, рече Ѓорѓи Лазаревски, едниот од укажувачите што го пријави и документира прислушувањето на работилницата – 2 години од (не)применување на Законот за свиркачите во организација на НВО „Инфо-центар„ и „Транспарентност Македонија“.

Лазаревски истакна дека во 2010 година, кога решиле да станат укажувачи, немале институција до која можеле да се обратат.

„Баравме личност што може да се справи со тежината на случајот. Затоа, се обративме до ексдиректорот на УБК, Зоран Верушевски. Во тој момент ги дадовме не само информациите туку и нашите судбини и судбините на нашите семејства. За среќа, не се осудија да преземат дејства со трајни последици, идејата беше да обвинат друг за кривично дело. Два дена пред бомбите јас бев во МВР да пријавам, а средбата ја организира Звонко. Бев 12 часа во МВР по што добив притвор“, рече Лазаревски.

„Спогодбата на Звонко беше мудар потег. Тоа беше нотирано и во извештајот на Прибе. Звонко е јунакот на Македонија што ги обезбеди бомбите. Алтернативата беше да се обвини СДСМ за злосторничко здружување. Имаше обвинение кон фиктивен странски фактор”“, додаде Лазаревски.