10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од сабота промена на времето, еве што ќе се случува

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено попладне.

Дневната температура ќе се движи од 19 до 32 степени.

В среда и в четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сеуште ќе има локални врнежи од дожд.