10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Автомобил пропадна во море, сопственикот заборавил да крене рачна (Видео)

Во непосредна близина на траектното пристаниште на Корчула, во Доминче, денес во Јадранското море пропаднал автомобил.

Автомобилот со загрепски регистерски таблички завршил во море, иако се уште не е точно познато како.

Сведоци рекле дека возачот не кренал рачна, а на Фејсбук страницата Peljesac.hr, активните членови добро се забавувале на сметка на сопственикот на автомобилот.

„Гарант му се брзало за на траект, па не кренал рачна“, е само еден од коментарите.