12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хрватска го поздрави договорот: Очекуваме Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО

Хрватска го поздрави договорот за името што вчера во Преспа го склучија македонската и грчката страна.

„Хрватска по повод овој договор, очекува дека Македонија ќе отвори преговори за членство во Европската Унија и ќе стане сленка на Северноатланскиот сојуз“, соопшти хрватското министерство за надворешни и европски прашања. Министерството наведува дека Македонија на нејзиниот пат, како и досега ќе има целосна поддршка од Загреб.

Договорот од Преспа предвидува промена на името во Република Северна Македонија. Зад потпишувањето на договорот стоеа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите од двете земји.

Во Препа, потпишувањето го сведочеа и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Унијата, Федерика Могерини и европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан.

Спонзорирано: