25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Пиела четири литри вода дневно и еве што и се случило

Шефали Суд одлучила да ги промени навиките во пиење вода со цел да дознае какви последици ќе има на нејзиниот живот. Десет дена пиела четири и пол литри вода дневно и своето искуство го споделила со читателите на Times of India.

Според некои стручњаци, лице треба да пие по литар вода на 15 килограми тежина, што за Шефали значело дека треба да пие по 4,3 литри дневно, а таа одлучила да заокружи на 4,5. Многу брзо почнала да чувствува позитивни последици на своето здравје.

Вели дека се чувствувала мнгоу полесно и покрај тоа што пиела многу повеќе отколку порано. Исто така, вели дека почувствувала дека телото и е многу поактивно и дека имала повеќе енергија.

„Набрзо почнав да чувствувам потреба од толку вода. Прво имав чувство како на сила да ја пијам таа вода, но по два дена устата ми се сушеше ако не испиев толку вода“, вели таа.

„Урината ми бише многу бистра, но морав да одам во ВЦ на секој час. Особено наутро“, тврди таа. Она што најмногу ја изненадило е зголемувањето на сексуалната желба.

„Не сум сигурна дали тоа беше поради постојаната потреба за мокрење што предизвикуваше притисок на моите гениталии или поради зголемената енергија, но тука почувствував голема промена“, вели таа.

Освен тоа, кожата и се разубавила, а варењето и се забрзало, што влијаело на нејзиниот изглед.