3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спречување на секаков вид насилство меѓу учениците, еден од приоритетите на министерот Адеми

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми денеска оствари средба со в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн на која се разговараше за актуелните состојби во областа на образованието во Република Македонија и приоритетите кон кои ќе биде насочена работата на министерството во периодот што следи.
Освен за содржината на Стратегијата за развој на образованието и за тековните реформи кои се реализираат во областа на основното и средното образование, Адеми информираше дека особено важна и континуирана е заложбата за градењето на безбедна и хармонична училишна средина, а поддршката која во тој дел ја обезбедува ОБСЕ е исклучително голема и придонесува за остварување на планираните активности и достигнување на очекувањата.

Потенцираше дека развојот на интегрираното образование, односно градењето на соживот во училиштата и спроведувањето на превентивни активности со цел спречување на секаков вид насилство помеѓу учениците ќе биде еден од приоритетите за време на неговиот мандат, бидејќи тоа е особено важно во мултиетнички и мултикултурни општества како нашето.

Честитајќи му на министерот Адеми за именувањето на функцијата, в.д. шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн истакна дека организацијата која ја претставува и натаму останува стратешки партнер на државата, не само во процесите за унапредување на интегрираното образование, туку и на сите останати образовни сегменти и сфери.

Инаку, со поддршка на ОБСЕ во Македонија се реализирани бројни проекти со кои се стимулира меѓуетничката толеранција, интеракција и разбирање, како проектот „Градиме мостови“ и „Безбедни училишта – Хармонична средина“, како и активности за унапредување на образовната инфраструктура.

Спонзорирано: